Агелер: Кога САД го ставија Мерко на црната листа, во Македонија никој не побара докази за да се отвори постапка

Иако струшкиот градоначалник е ставен на црната листа на САД уште од јуни годинава ниту една иституција или правосуден орган во Македонија нема побарано од САД ниту докази ниту пак се има отворено било каква постапка против него посочи американската амбасадорка во земјата, Анџела Агелер.

- „Само со именување на корумпираните актери ние можеме да помогнеме но и по секое објавено ново име на т.н. црна листа, изостанува реакција кај судската и извршната власт” рече Агелер

Амбасадорката пред новинарите рече дека во Северна Македонија има епидемија на корупцијата и таа е присутна во сите пори на општеството, особено во изминатите десет години.