A1 телевизија се враќа во македонскиот етер

А1 телевизија се враќа во етерот, но овој пат како телевизија која ќе емитува програма он- лајн, дознава Скопје Инфо. Името на медиумот ќе биде телевизија „еден“, а главен уредник ќе биде Бојан Јовановски - Боки 13, дознава Скопје Инфо.

Дел од телевизиската екипа ќе бидат Ацо Кабранов, Гордана Дувњак, Христијан Стојчевски, Анета Кочишки и други ликови кои оставиле свој белег во некогашната А1 телевизија.