87-годишен маж малтретиран од невенчаната сопруга, на сила го одвела на нотар да ѝ го препише имотот

МВР информира дека вчера во 12 часот во СВР Тетово, 87-годишен тетовец пријавил дека неговата невенчана сопруга С.П. агресивно се однесувала кон него и со сила го однела на нотар да потпише согласност дека самоволно сака да биде сместен во дом за стари лица и целиот негов имот да го префрли на нејзино име.

„Според пријавеното, тој одбил да ја потпише согласноста, по што таа продолжила да му се заканува да ја потпише согласноста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од СВР Тетово.