77 годишна жена нападната од сопругот во Скопје, а друга жена од Албанец во Охрид

Вчера во 18.00 часот во СВР Скопје, 77-годишна жена пријавила дека околу 13.50 часот во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг П.Х. од Скопје, соопшти МВР.

Во денешниот билтен на МВР исто така се наведува дека СВР Охрид поднел кривична пријава против У.Д. од Албанија, со привремен престој во Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело телесна повреда при семејно насилство.

На 1 ноември 2023 година во домот во Струга во кој престојувале, пријавениот физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.  Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.