75-годишна жена прегазена во Прилеп

75-годишна жена е тешко повредена во сообраќајка во Прилеп. 

- На 27.02 2024 во 10.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Пчиња“ во Прилеп, патничко возило „цитроен”, управувано од Б.П.(56) од Прилеп, удрил во пешакот С.К.(75) од Прилеп. Во несреќата, С.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница Прилеп, соопшти полицијата. 

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.