71-годишна скопјанка се степала со соседката

Изминатиот викенд во полицијата била пријавена тепачка меѓу две жени во Шутка. 

- На 24.02.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари по претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Ш.(71) и нејзината сосетка М.Г.(61), двете од Скопје, соопшти полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.