5 хороскопски знаци кои имаат најслаб имунитет: Еве што можете да направите за време на коронавирусот

Додека одделни знаци се многу издржливи, другите дури и од најмал провев може да се настинат…

Бидејќи се уште нема вакцина против коронавирусот, многу е важно да останете во домот и лично да го негувате своето здравје и имунолошкиот систем.

Астролошкиот знак може да ни покаже дали треба дополнително да внимаваме на нашата исхрана и здравјето. Додека одделни знаци се многу издржливи, на другите дури и најмал провев може да им предизвика штета.

Астрологот Манав Џаитли ги истакна овие 5 хороскопски знаци кои особено треба да внимаваат во текот на овој месец:

БИК

Да, иако е тврд како клинец и има голема издржливост, често го зема тоа здраво за готово. Бикот не вежба толку колку што треба и нема здрави навики кога станува збор за исхраната. Поради тврдоглавоста често не ги прифаќа советите од оние кои му предлагаат поздрав пристап. Треба да консумира и многу течности и витамин Ц – портокали, лимон, разно бобичесто овошје.

СКОРПИЈА

Настинката и температурата можат да бидат чести кај Скорпиите. Иако главно се во добра здравствена состојба, астролошкиот свет сака Скорпиите да ги преземат превентивните мерки и да се фокусираат на својата благосостојба. Моменталната комбинација на Марс и Сатурн исто така не им носи добро. Пијте течности, млаката вода би била идеална и јадете умерено, а доколку излезете надвор, задолжително истуширајте се кога ќе се вратите во домот.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците треба да пијат доста витамин Ц и да јадат зеленчук, но и редовно да спијат од 7 до 8 часа. Исто така и да ги „смират своите мисли“ и да медитираат. Сетете дека се останато може да почека, но вашето здравје би требало да биде на првото место.

СТРЕЛЕЦ

Овој знак со слободен дух би требало на кратко да се оддалечи од своите авантури и да ја сфати важноста за престојување во домот и работата на имунолошкиот систем. Стрелецот треба да одмара, своите многубројни мисли да ги запишува во дневник, и да престане да јаде грицки во доцните часови.

РИБИ

Овој воден знак е познат по тоа што неговите токсични емоции летаат секаде наоколу, а тоа не е добро за имунолошкиот систем. Престанете да ги следите медиумските информации за коронавирусот и релаксирајте се. Прочистете ги своите мисли. Разговарајте со своите пријатели преку видео повик и посветете им се на домашните или оние кои ги сакате. Исто така позанимавајте се со подготовката на здрави оброци. Верувајте ни, тоа делува терапевтски, порачува астрологот Манац Џаитли.