Судот потврди: Сопственикот на „Беса Транс“ е казнет за „фалсификување исправа“, реакциите на твитер заедницата се неосновани

 

Казната за сопственикот на „Беса Транс“ предизвика лавина реакции во јавноста. Во недостаток на целосно информации и пласирајќи шпекулации, граѓаните на социјалните мрежи кренаа бунт, но судот пресече - казната се однесува за кривично дело „фалсификување исправа“. 

Денеска, тој беше осуден на една година и осум месеци казна затвор и парична казна од 800 000 денари, како и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз на правното лице е епилогот од судењето за случајот што се однесуваше на продолжено кривично дело „фалсификување на исправа“.

На социјалните мрежи се појавија низа реакции кои се однесуваат на висината на казната, не земајќи предвид дека пресудата се однесува за друго кривично дело. 

Имено, на 7 март скопскиот Кривичен суд на сопственикот и управител на фирмата „Беса транс“, Беким Хаџиу му одреди казна од една година и осум месец затвор за делото фалсификување исправа за автобусот, со кој во ноември 2021 година во трагична несреќа во Бугарија загинаа 45 лица. Тој е осуден за кривичното дело по член 378 став 3 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик кој предвидува казна од три месеци до пет години.

Сопственикот на „Беса транс“ доби казна од една година и осум месец затвор за делото фалсификување исправа за автобусот, со кој во ноември 2021 година во Бугарија загинаа 45 лица. Исто така, казнета е и фирмата „Беса транс“ како правно лице, со парична казна од 800.000 денари, како и мерка забрана за добивање лиценца за патен превоз во рок од четири години од правосилноста на пресудата. Овој случај, не се однесува на причините за несреќата, чие утврдување е во надлежност на истражните органи во Бугарија.

Дека реакциите на социјалните мрежи и во дел од медиумите не се издржани, потврдија и од судот. 

- Заради одредени медиумски натписи кои беа лиферувани во текот на судската постапка, ја информираме јавноста дека кривично – правниот предмет, согласно поднесениот обвинителен предлог, а и како што Јавниот обвинител и бранителот на обвинетите изјавија во судот, се однесува само на наведеното кривично дело и не е поврзан со автобуската сообраќајна несреќа која во ноември 2021 година се случи во Р.Бугарија, соопштија од Судот.

Истрагата за автобуската несреќа се водеше во Бугарија и одговорноста беше посочена кон возачот, кој е меѓу загинатите. Бугарските истражители утврдиле дека возачот изгубил контрола врз автобусот. Проблемот со лиценцата, беше откриен по несреќата, откако надлежните ја проверуваа фирмата по што беше поднесено обвинение во септември во 2022 година.