20-годишник, по полноќ, прегазил пешак и побегнал од местото на несреќата

Пешак настрада на скопските улици, а возачот побегнал од местото на несреќата. 

На 07.07.2022 околу 00.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува ул.„Јордан Мијалков“ и ул.„Македонија“, патничко моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(20) од Скопје, удрило во пешакот С.Б.(31) од Скопје, информираше МВР. 

По несреќата, Н.М. го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден и приведен.

По несреќата, С.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.