19,9 милиони евра потрошиле граѓаните на приватно за ПЦР тестови

Македонските граѓани за три години потрошиле 19,9 милиони евра за ПЦР тестови за време на пандемијата, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Бројот на направените тестови и висината на цената на овие услуги во приватните лаборатории во различни периоди укажува на одлив на финансиски средства на граѓаните во приватното здравство, пишува во извештајот.

Според него, сметано по најниската наплатена цена, според јавно достапни информации, од 1.400 денари и 870.664 тестови44 направени во ПЗУ за две години, станува збор за износ не помалку од 19.9 милиони евра, не земајќи ги предвид и брзите антигенски тестови и повисоко наплатените цени кои се движеа и до 5.500 денари по тест.