18-годишник што нападнал полицаец на кошаркарски натпревар

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Д.А.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Како што информираа од полицијата на 19 март, околу 18 часот, во Скопје на улица „Кеј 13 Ноември“, во Спортскиот центар – Работнички, на кошаркарскиот напревар помеѓу кошаркарските клубови “Работнички“ и “Куманово“, при обид на полициски службеник за приведување на пријавениот, којшто заедно со други навивачи ги навредувале полициските службеници и го нарушувал јавниот ред и мир, пријавениот физички го нападнал полицискиот службеник.