150 пакети со храна поделени во Центар во пресрет на Божиќните празници

Во скопската општина Центар поделени 150 пакети на редовните корисници на социјална помош во пресрет на Божиќните празници. 

-Во пресрет на Божиќните празници со нашите пријатели Food Bank Macedonia - Банка за храна Македонија и компаниите Кам Маркети, Рамстор, Веро и Витаминка поделивме 150 пакети на редовните корисници на социјална помош. Денеска посетивме дел од семејствата во Маџир Маало и Крњево, а дел од корисниците ги очекуваме во општината, информираше градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. 

Секој граѓанин заслужува пристојно дочекување на празниците, а ние ќе продолжиме да помагаме во тоа, порача тој.