12 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници на територија на СВР Тетово

Во текот на вчерашниот ден (13.10.2023) спроведена е сообраќајна контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

- При контролата санкционирани се 12 возачи. Од нив четири возила биле со неисправен уред за сопирање. Технички неисправните возила се исклучени од сообраќај и изготвени им се платни налози со парична глоба од 400 евра, а со парични глоби ќе се соочат и фирмите – нивните сопственици. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Навремено да се проверува техничката исправност навозилата и навремено да бидат отстранете евентуалните недостатоци, велат од МВР.