Зошто престанав да се приврзувам за луѓе?

Повеќе не се приврзувам за луѓе затоа што научив дека луѓето ќе ме напуштат без оглед на тоа колку сум била добра со нив. Порано или подоцна измислуваат некаков проблем и заради нивната гордост едноставно ме прешкртуваат од листата на пријатели/познаници. И на крај јас пак завршувам во солзи.

Повеќе не се приврзувам за луѓе, затоа што научив дека најдобро е човек да ги откачи отровните луѓе во својот живот. Заради таквите луѓе, јас постојано се ставав себеси на последно место, а тоа е нешто што не сакам повеќе да го правам. Овојпат, сакам себеси да се ставам на прво место, затоа што го заслужувам тоа.

Повеќе не се приврзувам за луѓе затоа што не сакам да бидам онаа која се приврзува, додека никој друг не го прави тоа. Не сакам пријателство или љубов каде јас ќе бидам единствената која се обидува. Не сакам да бидам единствената која се труди тој однос да успее. Сакам и другите да ми покажат дека ме ценат и дека сакаат да бидам дел од нивниот живот.

Повеќе не се приврзувам за луѓе затоа што страдам секојпат кога некој ќе ме напушти и ќе замине од мојот живот. И не сакам да се чувствувам така. Без оглед на тоа колку некој ми се допаѓа како личност, јас речиси никогаш не ги покажувам своите чувства. Денес сите мислат дека сум некоја ладнокрвна личност, затоа што никој не се ни осмелува да повреди таква личност.

Повеќе не се приврзувам за луѓето затоа што конечно научив како да продолжам понатаму. Не ми се потребни луѓе за да ме направам целосна. Луѓето можат да бидат дел од мојот живот, но никогаш повторно нема целосно да се дадам себеси. Не затоа што не сакам, туку затоа што сум преплашена дека повторно ќе ме повредат.

Повеќе не се приврзувам за луѓе затоа што научив да се сакам себеси. Научив дека јас раководам со својот живот и дека иако можам да ги слушам туѓите совети, сепак јас одлучувам за себеси. И јас сум таа која си дава љубов самата на себе.

Повеќе не се приврзувам за луѓе затоа што немам повеќе солзи за фрлање. Пред оваа одлука, јас бев девојката која слепо ги сакаше сите. Мислев дека сите луѓе се добри. Не ми се веруваше дека човек може да седи на кафе со тебе и после тоа да оди и да те озборува со други луѓе. Секојпат кога ќе ми се случеше ова, плачев до изнемоштување. Не можам повеќе да плачам. Сериозно.

Повеќе не се приврзувам за луѓе затоа што конечно сфатив дека не можеш да форсираш и да натераш некој да остане, особено ако таа личност не сака да остане. Ако е така запишано во ѕвездите, љубовта ќе те напушти, не затоа што не заслужуваш љубов, туку затоа што заслужуваш подобра љубов. И се надевам дека еден ден, небото ќе ме благослови со љубовта која толку многу ја посакувам – љубовта која ќе ми биде како дом за душата.