Зошто постојано имаме проблем со кредитните картички?

Единствениот начин за да излезете од долговите е да сфатите зошто ги имате истите тие долгови, од кои постојано се обидувате да се ослободите. Тоа не само што ќе ви помогне да заштедите пари, туку ќе ве ослободи и од стресот предизвикан од постојаната борба со минусите на кредитните картички.

Зошто сте во долгови?

Купувате работи кои не ви се потребни или не ги користите – престанете со импулсивното купување. Избегнувајте го онлајн купувањето. Одете во трговските центри откако на лист хартија ќе ги запишете нештата кои ви се потребни. Престанете во својот дом да собирате работи кои никогаш нема да ги искористите.

Купувате работи кои не можете да си ги дозволите со платата – ако не можете да ги купите во кеш денес, тогаш не ги купувајте. Купувајте ги само оние работи кои можете да си ги дозволите.

Гледате на одредени симболи како дел од вашиот статус – се врзувате за брендови и марки за коишто сте сигурни дека ви одговараат. Очилата за сонце ве штитат од сонцето. Облеката треба да ве топли и да направи да се чувствувате пријатно.

Немате никаков план за трошење – не поставувате приоритети, воопшто не размислувате за штедење  и само го насобирате купот на долгови, се додека не добиете известување од банката.

Размислувате за брзо збогатување – одреден дел од луѓето сакаат да се збогатат преку ноќ. Но, поголема е веројатноста да ви се случи нешто лошо, отколку да се збогатите така магично преку ноќ. Не размислувајте за таквите шеми, туку бидете свесни за тоа како и колку заработувате.

Имате лоши навики – за време на викенд трошите пари на скапи излегувања, алкохол и забави. Потоа, во понеделник се каете што сте го дозволиле тоа.

Не се грижите за своето здравје – кога не водите сметка за своето здравје, тоа може да повлече многу пари од вашите сметки. Затоа, не дозволувајте стресот и лошата исхрана да ве совладаат. Внимавајте!

Не уживате во малите задоволства – мислите дека сите нешта се купуваат со пари, но природата и животот ни даваат многу можности за едноставно уживање, без купување многу нешта.