Проблеми со Facebook и Messenger и во Македонија

Во последниот час, голем број корисници, од Европа, пријавија проблеми со Фејсбук, Месинџер и Инстаграм.

Од податоците на Даун Детектор, во последниот час корисниците известуваа за проблеми со Фејсбук, Инстаграм и Месинџер. Се чини дека, според извештаите на корисниците, најлошата состојба во моментот е со Месинџер и Инстаграм.

Проблемите претежно се пријавуваат во европските земји, вклучително и во Македонија. Пораките на Месенџер доцнат, односно во зависност од користените апликации, тие дури и не се праќаат. На пример. на десктоп апликација, пораките можат да поминуваат, но не и на веб апликација и мобилна апликација или обратно.