Зошто кога пиеме алкохол имаме зголемена потреба за никотин?

Сигурно сте забележале дека кога сте излезени и ќе решите да се напиете по некоја чаша алкохол, доколку сте пушач секако, имате зголемена потреба од никотин. Често пати, утринскиот мамурлак кој го доживувате по бурната ноќ, всушност е предизвикан од преголемот количество на никотин, а не од самиот алкохол. Симптомите за кои луѓето често велат дека се мамурни поради алкохолот и исцрпеноста од претходната вечер, се всушност симптоми на никотинско труење. Но, зошто кога пиеме алкохол, доаѓа до зголемена желба за „слаткиот отров“.

Истражувачи од факултетот Мисури веруваат дека луѓето пушат повеќе цигари од вообичаено кога пијат алкохол затоа што никотинот го намалува чувството на поспаност кое го предизвикува алкохолот. Истражувањето кое е објавено во едно списание за неурохемија ја опфатило работата на научниците кои ја следеле мозочната активност на глувци под дејство на никотин и алкохол каде откриле дека никотинот ја намалува поспаноста.

Тие заклучиле: Причината поради која луѓето земаат никотин со алкохол е затоа што им овозможува зголемување на возбудата,а во исто време ги намалува негативните влијанија од алкохолот, како што е поспаноста.