Каде го помина својот летен одмор поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска

Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска минатата недела ја помина на прекрасниот грчки остров Миканос. 

Без сомнение, поранешната министерка успеа да ги долови најубавите моменти од нејзиното патување. Споделувајќи совршени фотографии од нејзиниот совршен одмор, Ангеловска ни даде интимен пристап до нејзиниот приватен живот и нејзиниот незаборавен одмор на островот од соништата.

Според она кое таа го сподели со своите 16 000 следбеници, можевме да видиме дека Нина ужива во секој здив под сонцето. 

Одморот го помина како што го врват луѓето во филмовите. Таа посети неколку големи журки на плажа, имаше вечера под ѕвездите, пиеше бело вино, се сончаше на плажа и живееше во секој момент од времето.

Инаку, по споделените фотографии  на социјалната мрежа се гледа дека поранешната министерка била на одмор со своите пријателки.

Додека тие беа на Миканос, не ја пропуштија ни шансата да го истражат островот и сите негови убавини. Ги пробаа тамошните специјалитети, а на својот профил Ангеловска сподели и прекрасна фотографија од еден од нејзините омилени оброци таму.

Миканос е во центарот на вниманието последниве неколку години, особено по престојот на островот од страна на повеќе јавни ѕвезди од светот.