Зошто децата треба почесто да се дружат со тетките?

 

Врската меѓу родителите и детето е најсилна на светот, но тетките се исто така многу важни личности во животот на детето. Со нив се поврзани некои од најубавите спомени од детството.

Улогата на тетките

Тетката може да му покаже на детето сосема поинаква претстава за животот, различна од онаа која ја даваат родителите. Тетката секогаш е тука да подаде рака за помош и да биде поддршка.

Тетката е секогаш присутна за празниците, носи убави подароци, а често знае да биде и одлична домаќинка и да организира домашни забави за цело семејство. 

Секогаш е убаво расположена и обично знае сè за успесите на своите внуци и секогаш е забавно да се биде со неа. 

Тетката ретко вика и се лути и за своите внуци е секогаш добро расположена и има трпение. 

Тетката со задоволство ќе ги чува внуците доколку родителите треба да заминат некаде. 

Тетката секогаш подарува прегратки и бакнежи полни со љубов.

Тетката е секогаш тука да ислуша и да помогне, но и за чува тајни.

Таа секогаш ги споделува своите животни мудрости со своите внуци. 

За сите убави работи кои ги споделува, тетката заслужува огромна благодарност за нејзиното скапоцено присуство во животите на своите внуци.