На 31 Јануари 2018 година, СРЕДА во 17.30 часот на полна месечина, ќе се одржи "Зимско Ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно".
Патеката по која ќе се искачуваме е долга прилично 5 км и се пешачи околу 2:00 часа.
Стартно и собирно место - пред "Оу. Кочо Рацин". во 17:30 часот.(на истото место ќе се вратиме најдоцна до 11 часот)
- Доколку има заинтересирани кои сакаат да тргнат од средно Водно, нека бидат Кај фонтаната во 18:10 часот.
Ќе имаме една официјална пауза:
- На Средно Водно (5 до 10 минути)
Задолжителна опрема:
- Соодветни зимски чевли за пешачење
- фенерче*
- Топла облека
- Ракавици, шал и Капа.
- резервна маица
- 0,5 литри вода
- овошје, и храна по избор
- Ранец
- Фотоапарат
- Пари за чај
НАПОМЕНА: Доколку се пријави некој со послаби кондициони способности, му препорачуваме да се искачи само до средно водно.
Секој е на своја одговорност.