Женска Трка во Градски парк: Преку забава и трчање ќе се слават здравите навики

Пред долгоочекуваниот Виз Ер Скопски маратон кој оваа година е закажан за 8-ми мај, по четврти пат ќе се одржи Женската трка, која е закажана за 10-ти април, недела. Станува збор за трка која од година во година се здобива со голема популарност, а и бројот на жените кои учествуваат е сè поголем. За во недела се очекува бројка од 1000 жени да земат учество и да се појават во 10:00 часот во Градски парк во Скопје кај Школка.

Низ годините, Женската трка која што е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, се здобива со голема популарност и бројот на жени кои учествуваат во трката од година во година се зголемува. За поздравување е веста дека оваа година трката е влезена во календарот на Европксата Атлетска Федерација.

Пријавувањето се одвива на zenskatrka.skopskimaraton.com.mk. На 10-ти април во 10:00 часот е планирано групно загревање со аеробик, а од 10:30 започнува трката. Ќе се трчаат 2.000 метри, т.е. еден круг во парк. Секоја учесничка ќдобие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три по возрасни категории. Секоја учесничка на Женска трка со стартен број учествува во лотарија која ќе се одржи по завршувањето на трката со која ќе се доделат награди од спонзорите.

Подигнување на стартни броеви: 08.04. (петок) од 11-19 часот и 09.04 (сабота) од 11-16 часот во Скопје Сити Мол.