Жените некогаш биле многу посреќни од мажите, но сега не е така

Во денешно време, жените имаат повеќе можности, повеќе слободи и поголем напредок.

Photo by Jesse Parkinson on Unsplash

Иако ситуацијата на Балканот не е сјајна, сепак во одредени области можеме да се согласиме дека е полесно барем за дел од жените. 

Но, голем дел од нив се несреќни и незадоволни. По долги години борба за рамноправност, многу истражувања покажуваат дека жените се 10 пати посклони кон депресија од мажите. Тоа често се должи на многуте очекувања од општеството, а и обврските во домот.

Истражувањата спроведени во седумдесетите години покуважуваат дека жените тогаш било значајно посреќни од мажите, но денес не е така. Тие се прилично понесреќни од мажите.Во обид да  најдат одговор на ваквата ситуација, социолозите дошле до неколку сознанија, а едно од нив е што жените денес се борат на повеќе фронтови. Ако тие претходно биле одговорни само за домот, денес се одговори за својата кариера, напредок, а обврските во домот сепак остануваат. Освен тоа, тие се помалку платени од мажите за исти позиции, а ако забременат, често се соочуваат со предизвик да ја изгубат работата. Само во Велика Британија, речиси 30% од жените остануваат без работа поради оваа причина.

Освен тоа, наметнатиот идеал за среќата дополнително создава чувство на стрес и вознемиреност кај многу од нив. Општеството постојано ни дава правила како да изгледаме, да се однесуваме и како треба да изгледа успехот.  Така, тие често си поставуваат цели кои се тешко остварливи и се водат од нечии туѓи правила и очекувања. Фотографиите од совршените жени се насекаде околу нас, па така постои и притисокот како треба да се изгледа, што дополнително влијае на менталното здравје.