Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер ја потресе Грција

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција во поширокиот регион околу Атина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот се случил во 8 часот и 26 минути по локално време, на длабочина од 11 километри, 79 километри северозападно од Перистери и 12 километри југоисточно од Мантуди.

Засега нема извештаи за материјална штета.