Земјотрес ја погоди соседна Србија

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Србија, објавено е на веб-страницата на српскиот Републички сеизмолошки завод.

Епицентарот на земјотресот бил на 35 километри западно од Бор, објавија српските медиуми.

Земјотресот е регистриран утрово во 9 часот и 32 минути.

Засега нема информации за евентуална штета.