Зарем досега не ви кажале дека срцата почесто умираат од осаменост отколку од предавство?

Колку ли се тесни тие ваши срца кога умеат да љубат само еднаш во животот?
Ме интересира колку малку простор има во нив, кога може да се случи да снема место?
Тие рани на срцето за кои зборувате се создале затоа што вашето срце се смалило.
Со текот на годините сте го прераснале, а не сте го хранеле доволно за да ве следи.
Немате вие страв од тоа да не бидете повторно повредени, имате страв од тој мал простор, ве гуши клаустрофобија.
Во вас е тесно. Нема место ниту за вас, а да не ни зборуваме за други.
Не го проветрувате.
Не го храните со искрени бакнежи, па затоа и не расте.
Извалкано е од лажни допири и лажни оргазми.
Наместо срцето, вие сте го хранеле егото, сте ја потхранувале суетата наместо фантазијата, сте ги полнеле мускулите, наместо батериите.
Никогаш не сте му ни дале шанса на срцето.
А ваше е.
Се гордеете со задникот, градите, мускулите, сантиметрите, а се срамите да го покажете она што е највредно.
Не грижете се, никој нема да го украде, затоа што светоста не може да се украде.
Пред неа се симнуваш на колена.
Зарем некој досега не ви кажал дека срцата почесто умираат од осаменост отколку од предавство?