Оваа година, престанете да си го кршите сопственото срце за другите

Оваа година може да биде поинаква, но само ако вие донесете таква одлука. 

Престанете да се трудите да ги смените другите, ако некој не сака да се промени.

Престанете да им давате постојано нови шанси на оние кои ја злоупотребуваат.

Престанете да се враќате на местото каде срцето ви е скршено.

Престанете да им верувате на зборовите ако веќе сто пати ве излажале.

Престанете да се навраќате на минатото кое ви носи само болка.

Престанете да се давате себеси кон некој кој не ви го возвраќа тоа.

Престанете да се борите за однос во кој само вие сте присутни.

Престанете да го кршите своето срце.