Запознајте ги секојдневните херои на пандемијата

Волонтерите стануваат херои на пандемијата на Корона вирусот.

Во Полска, тие носат кафе и ручек на докторите кои работат напорно и под притисок во текот на денот.

Во Њујорк, тие пакуваат храна за луѓе кои веќе не можат да си дозволат да ја купат.

Во Австралија, тие доставуваат книги со велосипед на луѓето кои се во изолација.

Во средина на сите страдања и вознемиреност предизвикани од пандемијата на коронавирус, волонтерите од целиот свет покажуваат храброст и еластичност да им помогнат на некои од најранливите.

Oд снабдување со потребни намирници за луѓето кои се во изолација, до помагање на стари лица да се заштитат, еве три вистински приказни за херојство за време на кризата.

1. Хранење на гладните во град кој е во изолација

Њујорк има најголем број потврдени случаи на ХОВИД-19 во САД, бројките ги надминуваат дури и оние во епицентарот, односно  во кинеската провинција Хубеи.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by City Harvest (@cityharvestnyc) on

Дури и во најнормални времиња, во Њујорк има околу 1,2 милиони луѓе кои немаат храна. Градската кујна вообичаено дава основни работи на луѓето кои не можат да си дозволат да купат храна во пет од околиите во градот. Но, изолацијата на Њујорк сериозно се заканува дека ќе влијае на нивната работа.

Храбрите волонтерите продолжуваат да ја пакуваат храната за дистрибуција, сортираат свежи производи како пченка и зелка - но работат надвор, за да избегнат ширење на инфекција.

„Важно е да му служите на заедницата, да им служите на другите луѓе“, вели еден од волонтерите, Кент Гасер, за Ројтерс.

Главниот оперативен директор Јен Меклин вели дека бројот на гладни луѓе расте секој ден.

„Она што го видов е редица луѓе кои сакаат да помогнат. Знам дека сите ја чувствуваме љубовта во овој момент. Едноставно треба да ја задржиме својата дистанца за да можеме да ја подготвиме оваа храна спакувана и да биде доставена за луѓето за кои е наменета “.

2. Доставување кафе и шетање кучиња

Улиците во полскиот град Вроцлав се напуштени бидејќи луѓето ги почитуваат инструкциите да останат дома. Но, смиреноста е страшна. Во болниците во градот, медицинскиот персонал работи напорно за да им помогне на оние што страдаат со Корона вирусот.

Волонтерот Роберт Вагнер доставува кафе, енергетски пијалоци, вода и спакувани ручеци на болничарите и лекарите кои работат прекувремено.

„Ние се обидуваме да ги поддржиме медицинските професионалци, кои работат десетина часови на ден за да не заштитат од корона вирус“, вели тој.

Откако ресторанот на Јоана Чешлил доби наредба да се затвори, заедно со сите други кафулиња и ресторани во градот, таа одлучи да готви јадења и да им ги доставува бесплатно на оние кои имаат најмногу потреба, вклучително и стари лица, болни и бездомници.

„Организиравме собирање пари, благодарение на што можеме да им доставиме оброци на најзагрозените лица бесплатно“, вели таа.

Марта Лисван ја создаде групата на Фејсбук наречена „Видлива рака“ која ги координира волонтерските напори, вклучително и шетање  за луѓе кои не можат да ги напуштат своите домови. Досега се пријавиле повеќе од 17,000 луѓе, волонтери.

3. Доставување книги за да им помогне на луѓето во карантин

Врз основа на предупредувањата на Обединетите нации дека корона вирусот ќе има сериозно влијание на менталното здравјето, една австралиска книжарница најде нов начин за доставување книги на луѓето во изолација.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Gleebooks (@gleebooks) on

Бидејќи повеќето продавници се затворени и луѓето се самоизолираат дома, Gleebooks користи бесплатна услуга за испорака со велосипеди за да им донесе книги на клиенти заглавени во нивните домови.

„Книгите се убав начин на патување без да се оди каде било“, вели велосипедистот на продавницата Нерида Рос.

„Мислам дека има многу вознемиреност. Луѓето се прилично несигурни, така што тие се навистина благодарни што сè уште можат да им пристапат на работите што им даваат радост, без да мора да ја напуштат куќата“, вели Рос.

Со затворени многу училишта, продавницата продава повеќе активности за деца и стручни книги.

„Учиме нов начин на битие и мислам дека читањето е навистина голем дел од тоа за луѓето“, велат тие.