„Ивермектин“ итно повлечен од аптеките во Хрватска, се користеше за време на пандемијата

Лекот „ивермектин“ се користеше за време на пандемијата на коронавирусот. Хрватската агенција за лекови пишува дека сега итно се повлекува од аптеките поради нерегуларности во квалитетот поврзани со контаминација што не претставува опасност за здравјето.

Компанијата „Медика“, дистрибутер на „ивермектин“, во соработка со Агенцијата за лекови и медицински производи на Република Хрватска ја повлекува серијата 2414239A од овој лек од хрватскиот пазар.

Во Хрватска нема лек со иста активна супстанција во иста фармацевтска форма, затоа „ивермектинот“ ќе се купува по исклучок по барање на здравствена установа или за неопходни случаи на лекување.

Лекот „ивермектин“ во форма на таблети е одобрен во ЕУ за третман на некои паразитски инфекции со црви. „Ивермектин“ е исто така одобрен како ветеринарен лек за употреба против паразити во широк спектар на животински видови.

Лековите што содржат „ивермектин“ не се одобрени за употреба против болеста Ковид-19.