За сите сингл девојки: Зошто мислите дека немате среќа во љубовта?

Мислиш дека си сама затоа што немаш среќа. Мислиш дека секогаш ги привлекуваш погрешните мажи кои секогаш излегува дека се кретени. Уморна си од повредување, но недоволно уморна за промени. Не си доволно уморна за да си признаеш сама на себе дека заеднички фактори на сите момци кои си ги имал се директен одраз на тебе. 

Тоа е причината поради која си сама.

Сама си затоа што секогаш оди кон мажите за кои знаеш дека ќе те повредат.

Бараш машки кои сакаш да ги промени, а и самата добро го знаеш крајниот исход. Едно е сигурно, знаеш како се ќе заврши. Има и нешто охрабрувачки во тоа, затоа што знаеш дека тоа ќе се одбие од него, но сепак ќе се обидеш повторно.

Велат дека лудост е кога човек постојано ја прави истата работа, а очекува различни резултати. А тука би требало да се пронајдеш.

Љубовта не се вклопува во твојата рамка на предвидливост. Љубовта не ја собира во твојот календар  или на некоја твоја листа.

Ја ценишт љубовта доволно за да знаеш дека таа ќе те протресе на најдобар можен начин и дека засекогаш ќе ја промени твојата насока. И тебе тоа те плаши. Се плашиш дека тогаш ќе ја изгубиш контролата. Се плашиш од непознатото. Се плашиш дека некому ќе пријдеш премногу блиску, па затоа и тоа не го правиш.

Затоа си сама.

Сама си, затоа што полесно ти е да имаш некој само за секс, затоа што следното утро само ќе избегаш од него, отколку да погледнеш некого во очи и да му признаеш дека сакаш повеќе од тоа. Или да се погледнеш себеси во очи и да си признае дека заслужуваш повеќе од некои полуљубовни приказни.

Ти си физички, но и емоционално дистанцирана од сите околу себе.

Знам дека го знаеш чувството да бидеш во соба полна со луѓе, а да се чувствуваш осамено.

Но, ти драга треба да сфатиш една многу важна работа, а тоа е дека ти ги носиш одлуките од страв. Бегаш во истиот момент кога ќе почувствуваш дека некој премногу ти се приближува. Поради стравот, ти намерно ги расипуваш работите.

Но, знам дека под површината, ти не си лоша во односите со луѓето и не е дек немаш среќа. Несвесно ја носиш одлуката да бидеш сама.

Бегаш од добри момци и ги ловиш лошите, затоа што со нив си сигурна. Со нив ќе дојде до крај и ти многу добро го знаеш тоа.

Но, се додека бегаш од љубовта, ќе пропуштиш многу добри мажи. Но, знам дека сакаш љубов. Знам дека ја цениш љубовта. Знам дека знаеш доволно за врските и почитуваш љубов со која ќе можеш да ставиш некого на пиедестал. И тако и треба да биде.

Но, тоа не е нешто од кое треба да се плашиш. Тоа не е нешто од коешто треба да бегаш, тоа не е нешто што ќе те повреди.

Љубовта е единствената работа која ќе го лечи твоето самоуништување кое сама си го носиш во животот.

Љубовта ќе дојде кога ќе бидеш подготвена.  Кога ќе одлучиш да престанеш да ја бркаш љубовта, таа ќе дојде кај тебе. Кога ќе одлучиш да ја отвориш вратата од својот живот и да дозволиш некој да влезе во него, тогаш ќе видиш дека се ова е вистина.

Биди храбра, драга моја, затоа што ти заслужуваш љубов која ќе трае цел живот. И повеќе не заслужуваш да бидеш сама.

cheap nike air max 90