Најубавиот одговор на прашањето: „Зошто си уште сама?“

„Луѓето ме прашуваат: „Зошто си се уште сингл?“ Ти си убава, интелигентна и креативна. Мојот одговор е: Преквалификувана сум“.

Да, сингл сум. Не, не лажам.

Не е важно дали прашањето доаѓа од семејството, мажот на мојата пријателка или странци – тоа е секогаш прашање кое сугерира дека поради тоа каква сум, одамна сум требала да најдам некој.

Но, работата е што не сакам само да бидам со некој, само за да ја држам неговата рака во јавност.

Се шегувам и им велам на луѓето дека не секој може да ја издржи мојата енергија. Имам кажано дека премногу сум зафатена со работа. Имало моменти кога сум велела дека ќе се случи кога ќе се случи, а сум имала и цинични моменти кога сум велела дека можеби ми е судено засекогаш да бидам сама.

Вистината е дека ја имам изгубено способноста да се смирам.

Не сакам да имам само друштво – сакам да бидам воодушевена, а вистината е дека не се воодушевувам така лесно.

Работата е што нема никаква врска со автомобилот на мажот, ниту тоа што го поседува со тоа какви се неговите вредности и карактер.

Она што јас го барам не може да се најде во материјални работи.

Се наоѓа во очите на мажот и неговото срце.

Начинот на кој му пристапува на светот и како неговиот живот е доказ за што се залага. Сфатив дека не сакам само маж, јас сакам некој кој живее страствено како мене.

Не сакам дечко.

Не ми треба некој со кого ќе си играме дом и со кого ќе ми поминува времето само за да сфатиме дека сакаме различни работи. Не ми требаат нови лекции од излегувањето со различните верзии на истите мажи.

Лекциите кои ги научив, не ги научив преку ноќ. Тоа го научив самата, со многу труд и многу осамени ноќи, сфаќајќи дека сум доволна таква каква што сум.

Не барам ценкање за љубов.

Нема да се ценкам со љубовта само за да имам некој, затоа што порадо би чекала, би вложувала во себе се додека не бидам подготвена за некој од мојот калибар и енергија.

Искрено, јас сум сингл затоа што сум терсене – со бои кои му се спротиставуваат на логичносто и вкус кој останува во срцето. Нормално дека нема секому да се допаѓам и нема секој да може да се справи со мене, но ќе бидам сосема супер за оној кој ќе ги разбира моите контрадикторности.

Прашањето: „Како можеш да бидеш сингл?“ имплицира дека тие кому е поставено прашањето треба да бидам со некого, но можеби луѓето кои си го имаат средено животот најдолго се сами.

Врските не се само за задоволство, туку и за растење. Понекогаш ни е потребна помошта на другите за да не научи на лекциите кои сме премногу слепи за да ги забележиме. Но, во други моменти, единствената личност која може да одговори на вашите двоумења сте сами вие.

Затоа што без оглед на тоа за кого се работи или колку образовани и успешни изгледаат – сите имаат проблеми. Како истите се манифестираат во нашите животи, зависи од тоа на кое ниво на свесност се наоѓаме.

Со години, кога некој ќе ме прашаше зошто се уште сум сама, тоа правеше да си го преиспитувам љубовниот статус, затоа што не можев само туку така да излегувам со луѓе. Мислев дека има некој проблем со мене, затоа што немав некоја силна желба да го пополнам мојот календар со оние кои сакаат да ме носат на вечери или концерти.

Но, тогаш сфатив, тоа е затоа што се заљубив во себе и во мојот живот, онаков каков што е.

Уживам во моето сопствено друштво, во друштвото на моите пријатели и семејство. Уживам во тоа толку многу што единствената причина поради која би прифатила покана за состанок е ако чувствувам дека тој би можел да додаде нешто во мојот живот.

Јас не го живеам својот живот ден за ден, надевајќи се на најдоброто. Јас сум тука, градејќи сопствена империја и фактот е дека жена може да одлучи да изгради сопствен замок, без да очекува друг да го направи тоа за неа.

Тоа не значи дека јас сум супержена и дека се можам сама. Но, тоа значи дека ги знам квалитетите кои ги барам кај еден маж, не кај дечко или љубовник, туку во партнер. И сакам некој чии соништа се големи колку и моите, кој се стреми кон живот кој ќе го создаде со труд и посветеност.

Сакам некој кој може да се мери со мојата сила. Тој ќе биде доволно силен за јас да не морам цело време да бидам. Не барам некој кој ќе биде ист како мене, туку некој кој ќе ме надополнува.

Можеби најголемата причина поради која се уште сум сингл е тоа што знам точно што сакам.

Барам присуство. Тој ќе знае како треба да ми се обраќа и ќе создава оган во мојот стомак. Фактот дека се уште го немам тоа е сосема океј, затоа што имам верба дека тоа ќе се случи еден ден.

Па, зошто сум се уште сама?

Затоа што одлучив да не прифаќам помалку од тоа што заслужувам. Научив дека мојата вредност не лежи во рацете на еден маж. Јас секое утро се будам потполно заљубена во мојот живот.

Се додека не дојде денот кога ќе се појави маж кој ќе го разубави она што е веќе тука, јас ќе бидам сама, затоа што јас се пронајдов себеси. И тоа е половина од битката за пронаоѓање на љубов.

 

cheap nike free run 5.0