За сите кои ми се пријатели, никогаш нема да ја заборавам вашата љубов и поддршка

Сите имаме пријатели, помалку или повеќе. Живееме во време кога бројот на пријатели е важен, но вистинските пријатели се забележуваат во најважните моменти од нашиот живот – најсреќните и најтажните.

Кога нив ги нема, џабе ни е бројот на пријатели кои сме мислиле дека ги имаме, или пак бројот на следбеници на социјалните мрежи.

Најдобрите пријатели се оние на кои можеме без грижа и срам да се потпреме кога сме хаос во мислите и чувствата, кога сме тажни и среќни до бесвест. Тие се оние со кои сакаме да ги споделиме сите нешта во нашиот живот и оние кои се радуваат со нас и тажат со нас.

Овие пријатели ни носат поинаква перспектива во нашите животи: тие не ни го кажуваат секогаш тоа што сакаме да го слушнеме, туку се искрени и директни. Тие се оние кои ќе не кренат кога ќе паднеме и кои ќе слават со нас, кога победуваме. Понекогаш се тука секој ден со нас, но тие се нашето богатство – тие се нашите луѓе.

Таквите пријателства се вистински благослов.

Со нив, можеме да молчиме долго, но и да зборуваме за важни и неважни работи. На овие луѓе не мораме многу да им се објаснуваме, тие можат многу работи да прочитаат само од нашиот поглед. Тие се луѓе кои Бог ги носи во нашиот живот за да можеме да ги пребродиме сите работи.

Ваквите пријателства се необјасниви. Тие се ретки и единствени.