За нашите најдобри пријатели

Ги сакаме нашите најдобри пријатели бидејќи без нив немаше да бидеме тоа што сме денес. Голем дел од нашата сила доаѓа од пријателството. Заедно минуваме низ многу нешта и тоа нè обликуваше во личностите кои сме денес.

Кога бившиот дечко најде нова девојка, кога родителите ни се разведуваа, кога другите другари и другарки нè лажеа. За смртта во нашите семејства, кога се слушавме една со друга со денови и месеци -  и колку време ни требаше да ги пребродиме тие моменти. Кога немавме што да кажеме, а имавме толку голема болка во себе. Кога само молчевме.

Сакајте ги вашите најдобри пријатели и тогаш кога ве нервираат, кога мал дел од вас ги мрази и кога ја упропастуваат вашата доверба. Сакајте ги кога ги откажуваат плановите во последен момент и кога ги избираат своите дечковци и девојки пред вас. Сакајте ги и кога се чувствувате ужасно поради кажаните зборови. Сакајте ги бидејќи не можете да си го замислите животот без нив.

И, тогаш кога ги сакате – кажете им го тоа. Покажете им го тоа. Кажувајте им секојдневно колкаво богатство  имате во својот живот.

Заблагодарете им се за местото кое го имате во нивниот живот и кога ве расположуваат секогаш кога сте нерасположени. Заблагодарете им се за тоа што се и што заедно учите корисни лекции за животот.