За добар одмор не мора да се оди на море: Убавините на Преспа секогаш привлекуваат

Ако сакате вистински одмор, ако сакате да уживате во вистинска природа, а сепак сакате да поминете евтино и пред се да бидете на домашна територијата, тогаш Преспа е идеално место за вас.

Восхитен од природните убавини што ги нуди Преспа, еден посетител, пред години своето задоволство од престојот покрај Преспанското Езеро го изрази токму со оваа реченица: “Овде и тишината доаѓа да се одмори”. И така остана и ден денес, природните убавини на Преспа секогаш привлекуваат.

Преспа во претстојната летна туристичка сезона, своите гости ќе ги дочека со нови уредени плажи – Стење, Сливница, Долно Дупени, Претор, Отешево. Со ново уредено градско јадро во центарот на Ресен, кој без лажна скромност во вечерните часови личи на “Големото јаболко.”

-Минатата година бевме на одмор во Преспа. Беше прекрасно. Вистински се одморивме. Можам слободно да кажам одмор во вистинска смисла на зборот. Не сум биле до сега, но и оваа година ќе оделам некој ден од летниот одмор за да уживам во убавините на Преспа, вели скопјанецот Михаил.

Преспа само по себе е многу скромна, а сепак многу богата. Убава, природна. Секој оној кој ќе дојде еден пат, со сигурно дека таму ќе се врати пак.

Пристојни цени, убави плажи, домашна територија... Место за вистинско уживање и вистинско одмор.

Доколку не сте ја посетиле Преспа досега, тоа мора да го направите оваа лето, сигурно сме дека ќе уживате во она што ќе го видите и почувствувате таму.