Врие во „Национални шуми“, вработените немаат земено плата 2 месеца, а во период пред распишување на изборите примени се 355 лица

Штрајк на вработените во Јавното претпријатие „Национални шуми“ поради тоа што немаат земено пата 2 месеца. Денеска незадоволството го изразија 30 подружници пред седиштетото на ова претпријатије.  Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) Иван Пешевски, од протестот рече дека вработените се на своите работни места и не ги извршуваат задачите, оти се гневни и на менаџментот и директорот и на нивните раководители и сите претставници од власта кои земаат 80 отсто зголемени плати, а тие не дочекале да добијат втор месец плата.

„Апелираме да не си поигруваат со судбината на овие 1.800 вработени, бидејќи ако можеа да вработуваат луѓе пред избори и да ги лажат, тогаш треба и да обезбедат плати“, рече Пешевски, појаснувајќи дека 355 работници биле примени на работа пред два месеци. Тој е дециден дека претпријатието нема потреба од сезонски работници, туку луѓето коишто веќе се таму треба да имаат 12 месеци плата и здравствено осигурување. „Срамота е во 21 век да се молиме за плата“, рече Пешевски.

Како што додаде, во Национални шуми нема крадци, туку крадците се по дирекциите и во фотелјите. Крадците, вели Пешевски, не се ни сеча, ни дотур, ни сите оние шумари коишто земаат мизерни плати, изложени на надворешни влијанија и со висок процент на ризик.Најави дека планираат да ги радикализираат протестите и пред Владата во следните денови, и на 1 мај – како меѓународен ден на трудот.

„Ќе бидеме се побројни и погласни особено вработените во јавниот сектор. Врие и во паркови и зеленило, комунална, водовод, водостопанство, македонски пошти, врие и кај културните работници. Сите се со мизерни плати“, рече тој.

Прашан од новинарите за ставот на менаџментот, Пешевски од протестот изјави дека од таму секогаш велат оти зимскиот период е тежок.

„Како може да трошат милиони на возила, а да не обезбедат плата за ваботените. Работниците не се должни да чекаат 2 или 3 месеци за плата. Не веруваме во лаги и ќе протестираме ако треба секој ден“, додаде.

Појасни дека платата на шумарскиот инжинер не изнесува повеќе од 25 до 26.000 основни примања, без додатоци.