Временска прогноза за наредните денови

Во наредните денови се повеќе ќе ги чувствуваме последиците од антициклонската атмосферска циркулација која што ќе условува сончево и се потопло време со повисоки дневни температура и висока вредност на ув индексот.

Во сабота сочево и топло време, утринската температура од 13 до 22 степени, додека пак дневната од 28 до 39 степени. Во недела и понеделник во Македонија тропски ден, ќе биде сончево и многу топло време со дневни температури кои што ќе достигнат до 29 односно до 40 степени.

УВ индексот ќе има вредност 9, затоа бидете внимателни и следете ги препораките од лекарите и надлежните институции за справување со топлотни бранови.

Во вторник претежно сончево време со појава на локална облачност, попладне зголемување на облачноста. Максималните дневни температури од 28 до 39 степени.