Вработените во Клинички центар со иницијатива да се реши хаосот со паркирањето

Дел од вработените во Клинички центар „Мајка Тереза“  покренаа иницијатива до Градоначалничката на Град Скопје, до Советот на Град Скопје и до Директорот на ЈП Градски паркинг Скопје за да се реши проблемот со паркирањето во кругот на Клиниките. 

 Деновиве се собираат потписи, а се очекува наскоро иницијативата да биде доставена до надлежните. 

Вработен на скопските клиники и претходно сподели за хаосот во овој дел

-Никој од Градски Паркинг Скопје ниту регулира сообраќај, ниту некој им кажува на пациентите дека нема слободно паркинг место, ниту пак некој да им каже каде да ги паркираат возилата, ниту насоки да им дадат на луѓето со алтернативни паркинг места!, порача Апостолов пред извесно време.