Возачките и сообраќајните дозволи од денеска се менуваат бесплатно, дали ќе се обештетат оние граѓани кои веќе ги промениле а имале важечки рок?

Откако стана јасно дека Владата направи невиден хаос околку издавањето на личните документи од таму предизборно решија замената на возачките и сообраќајните дозволи до крајот на годината да биде бесплатна за граѓаните, а по реакциите на јавноста бесплатни ќе бидат и патните листови што ќе им се издаваат на нашите граѓани во странство.

Откако задолжителна стана и налепницата НМК на регистарските таблички и таа стана бесплатна за македонските граѓани додека меѓународниот код МКД на сообраќајните дозволи е валиден и не се менува. Она што е тотална непознаница е што ќе се прави со граѓаните кои не по своја вина ги заменија личните документи. Ова го признаваат и од Владата каде велат дека тие се дискриминирани и за нив ќе се бара решение за обештетување.

Собранието го измени законот со кој возачките дозволи со старото име на државата ќе важат до нова година, но само за внатрешна употреба. Налепниците со кодот НМК, пак, веќе се потрошија, а онаму пак каде што сè уште ги има ѓраѓаните велат процедурата оди брзо.

Околу 350.000 налепници се дистрибуирани до станиците за технички преглед, но од Министерството за внатрешни работи велат немаат точна бројка за колку возила се потребни.