Водици - симбол на мирот и повторното раѓање

Празникот Водици е еден од најголемите христијански празници.

На овој ден е крстен Исус, од свети Јован Крстител. Се смета дека Исус Христос бил крстен во светите води на Јордан кога имал 30 години. На местото каде што реката Јордан истекува во Галилејското море се наоѓа местото на крштевањето – Јорденит. Аџии, поклоници и туристи од целиот свет се собираат на ова место и облечени во бели долги кошули влегуваат во Јордан и се крштеваат.

Крштевањето е симбол и на повторно раѓање, односно почеток на верата. Затоа и кумовите имаат посебно значење во нашите животи. 

Она што е карактеристично за нашата вера е што на овој ден се фрла крстот, во водите кои се осветуваат од поповите и свештениците. Се смета дека оној кој ќе го фати крстот не само што ќе биде најсреќен во текот на годината, туку и дека тој ќе мине низ повторното раѓање, ќе биде благословен. 

Во минатото, од светата вода биле замесувани првите лепчиња, биле замивани децата за да бидат среќни и смирени. 

‒ Добре ми дојде свети Јоване!
‒ Добре те најдов еј нови куме!
Не уплаши се ток зарадви се,
сам свети Јован заире носет,
заире носет бела пченица,
бела пченица ведро ракија,
ведро ракија две ведра вино,
две ведра вино крава јалова…