Во Велика Британија неколку смртни случаи на заразени со омикрон

За сојот омикрон се претпоставува дека иако е позаразен од своите претходници и полесно се пренесува, сепак предизвикува полесна клиничка слика кај заразените.

Сепак, се работи за релативно нов сој и сознанијата за него ќе станат поконкретни во следниот период. 

Во меѓувреме, во Велика Британија починаа најмалку 12 луѓе кои биле позитивни на омикрон. Во британските болници има над 100 лица хоспитализирани, но и дека бројот е веројатно поголем бидејќи болниците немаат време за административна анализа на податоците кога се борат за здравјето на своите пациенти. 

Овој бран во Британија донесе и повеќе од 80.000 случаи на нови зарази неделно, а омикрон веќе е доминантен сој таму.