Во овој скопски локал може да си купите мартинки, средствата одат за лекување на Лео

Скопскиот локал „Нано бар“ организира продажба на мартинки, а собраните средства ќе одат за лекување на младиот Леонид Индов.

- Мартинките ќе се продаваат со цел собирање донации за лекувањето на Леонид и ќе трае од денеска, 1.март се додека има мартинки на залиха. Цените се симболични, т.е 2 за 50 денари, велат организаторите. 

- Инаку црвената боја симболизира живот и борбеност, а белата живот и здравје и на овој начин се прославува пристигнувањето на пролетта! Сето тоа му го посакуваме на Леонид и неговото семејство, а и благодариме на Јована која секогаш плени со хуманост и организира ваков тип настани, порачаа организаторите.