Во Аеродром се гради и на високи температури - Привршува реконструкцијата на дел од улицата „Лисец“

Во рамки на иницијативата за подобрување на условите за живеење и нашите заложби за градење функционална и модерна општина, на почетокот на оваа сезона започнавме амбициозен инфраструктурен проект за реконструкција на десетина улици на неколку локации во Аеродром, велат од општина Аеродром. 

На барање на граѓаните кои живеат во населбата Горно Лисиче, веќе привршува реконструкцијата на еден дел од улицата „Лисец“, што опфаќа промена и вградување на тампонски материјал и поставување нов асфалтен слој.

Проектот се реализира и во целост е финансиран со средства од буџетот на Општина Аеродром.

- Инфраструктурните активности ова лето првенствено се насочени кон реконструкција на постојни и изградба на нови улици, изведба на нови паркови, спортски комплекси и плоштади на повеќе локации во Аеродром. Со завршување на овие проекти сериозно ќе ја подобриме инфраструктурната во општината и ќе го унапредиме локалното и урбано живеење за граѓаните на Аеродром, порачаа од локланата самоуправа.