Внимателно во Грција: Крадци масовно „оперираат“ по автомобилите

Во изминатите денови зачестија предупредувањата во фејсбук групата „Грција инфо“, каде што членовите разменуваат искуства за нашиот јужен сосед.

- Внимание, крадци влегуваат во автомобили на плажа на Неа Каликратија. Во солун обиени дури три автомобили. Украдено бело „клио“ пред супермаркет во Пефкохори, се само дел од коментарите во групата.

Крадците не се задржувале долго на лице место, па затоа на полицијата ѝ е тешко да ги фати додека крадат.

Најчесто го кршеле стаклото од автомобилот со цврст предмет или ја кршат бравата, по што земаат сè што има во возилото и бегаат.