ВМРО ДПМНЕ со 70 пратенички места, Силјановска Давкова со двојна предност пред Пендаровски

Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова освоила 46.037 гласови или 67,87% од гласовите.

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски освоил 18.730 гласа или 27,61 % од гласовите.

Ова се обработени резултати од 8% од избирачките места. 

Според податоците од ВМРО ДПМНЕ во однос на Парламентарните избори коалицијата „Твоја Македонија“ има освоено 70 пратенички места.