Владата денеска треба да одлучи дали ќе се укинат дел од анти-ковид мерките

Сетификатот за прележан ковид да важи 180, наместо 45 дена, враќање на трудниците на работните места, враќањето на студентите на факултетите со физичко присуство, излез од држават без потврди за примени вакцини, прележана болест или пак потврда за негативен ПЦР, како и укинување на сертификатите при влегување во моловите, се барањата на Комисијата за заразни болести од пред неколку недели, а кои веќе се прифатени од страна на Кризниот штаб.

Денеска најверојатно овие одлуки ќе се најдат и на Владина седница по што се очекува и официјално да бидат усвоени и да стапат на сила.

Останува уште мерката задолжително носење маски во затворени простории за што Комисијата за заразни болести најверојатно ќе разговара на утрешниот состанок. Оттаму велат дека епидемиолошката состојба во Македонија е сосема стабилна, нема никакво преоптоварување на болничките капацитети, бројките на новозаразени постојано паѓаат, но сепак е се уште рано за да се случи целосно укинување на мерките, пред се заради нискиот опфат на вакцинација кој во Македонија.