ВИП објави интересна понуда за сите родители

Вип повторно воведува новини во своето портфолио на производи и услуги и за прв пат на македонскиот телекомуникациски пазар го нуди уникатниот MyKi смарт часовник наменет за најмалите кој истовремено обезбедува поголема сигурност за родителите.

Детскиот смарт часовник MyKi, достапен во сина, розева и црвена боја е модерен додаток за деца од 3 до 11 години. Со часовникот родителите секогаш се во тек со движењето и локацијата на нивното дете. Со можноста која ја дава вградениот GPS уред во часовникот, родителите во секое време можат да имаат на увид каде точно се наоѓа нивното дете. За уште поголема безбедност, преку вградената СИМ картичка, родителите добиваат можност да зборуваат со своето дете кога и да посакаат.

Уникатниот часовник MyKi располага со копчиња за брзо бирање кои се поврзани со телефонските броеви впишани и меморирани од страна на родителите. Со тоа, детето може да добие некој од членовите на своето семејство само со еден допир на копчето.
Часовникот работи со вградена СИМ картичка и може да биде контролиран и преку специјално креираната мобилна апликација MyKi Watch достапна за Android и iOS како и преку веб апликација.

Смарт часовникот е достапен по цена од 999 денари, со договор склучен на 24 месеци и месечна претплата од 399 денари со тарифниот модел Vip MyKi.