(Видео) Тешка сообраќајка во Србија: Возач изгоре во автомобилот по судир со камион

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера во Србија, кога возач на автомобил изгорел во автомобилот по судир со камион.

Според информациите, до несреќата дошло кога дирекно се судриле камион со загрепски регистерски таблички и автомобил. Во несреќата загинал возачот на автомобилот.

Несреќата се случила на патот Суботица – Бајмок, на излезот за Таванкут, пишува РТС, а од силината на ударот се запалиле и двете возила.

Возачот на камионот со полесни повреди е пренесен во болница.