12-годишно дете вчера загина пред зграда во невремето што го зафати Нови Сад.
Сè уште не е познато дали го удрило струја или гром, пронајдено е покрај инсталациите.
Силното невреме кое го зафати Нови Сад предизвика огромни штети низ градот. Однесен е и дел од покрив на зграда во центарот на градот.
Едно дрво исто така целосно уништило трафика, а припадници на Одделението за вонредни состојби на Србија успеаа да спасат жена која се наоѓала во неа.