Видео: Скопјенце наше загадено, а зимата не е почната

Дали на прагот на новата зимска сезона Скопје повторно ќе се соочи со енормно аерозагадување - е прашањето кое им се наметна на скопјани откако на социјалните мрежи се појави видео на кое повеќе од очигледна е состојбата на атмосферскиот воздух, додека пак мирисот е друга приказна. 

-Скопјенце наше загадено, а зимата не е почната, смрдеа на гареж се шири уште од 6 часот по улиците, се вели во објавата на фејсбук групата „Скопје мора да дише“ каде постојано се алармира за проблемите од еколошки карактер со кои се соочува македонската метропола.