Вардарци се враќаат од Келн: Утре сите на аеродром – организиран пречек на шампионите

Вардарци се враќаат од Келн како владетели на европскит трон. Се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ во 11 часот, а прославата ќе биде на плоштадот Македонија.

„Спортската гордост на Скопје, стана ЕВРОПСКИ ШАМПИОН. Град Скопје во вторник ќе го организира пречекот на нашите шампиони. Да ги дочекаме достоинствено“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.