Утре улиците Народен Фронт и Васил Ѓорѓов ќе останат без вода

Утре, 07.07.2022 година, поради дефект на 2 затворачи ф-80 мм на Народен Фронт 3 ќе има прекинато водоснабдување.

Во најавата на Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација се наведува дека корисниците на дел од ул. Народен Фронт (од број 3 до број 17) и Васил Ѓорѓов зграда 18 и 20, во текот на утрешниот ден ќе немаат вода. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од  09:00 часот до завршување со санација на дефектот.